Хорор екскурзија во Германија: Мигранти силувале дете и минале без никакви казни

Точка

06/09/2018

08:18

5.985

Големина на фонт

а а а

Двајца ученици од Авганистан и еден од Сирија, на возраст од 10 и 11 години, на училишен излет сексуално злоставувале 10-годишен Германец.



Германија е потресена од уште едно злосторство за кое се обвинети мигранти, а овој пат жртвата е 10-годишно дете од Берлин.

Имено, детето било силувано од тројца соученици - двајца Авганистанци и еден Сириец, на возраст од 10 и 11 години.

Двајца го држеле

Незапаматеното злосторство се случило на училишниот излет, кога 38 ученици од едно берлинско основно училиште отишле во посета на замокот Крехлендорф, кој се наоѓа во Нордвесткермак.

Планирано било учениците да минат забавен ден во природа со учење и другарување, но денот се претворил во хорор за неименуваното дете.

"Сега ќе те силуваме", велеле насилниците, кои брзо ја совладале беспомошната жртва.

Авганистанецот и Сириецот го држеле, додека другиот Авганистанец го силувал, пренесува "Berliner Zeitung".

Злосторството го гледале уште двајца ученици, но тие не и пријавиле на наставничката што се случило.

Ужасот бил откриен дури десетина дена подоцна, кога еден од пријателите на силуваното дете пријавило што се случувало.

Уследила цела низа мерки за да се заштити идентитетот на жртвата и насилнците, имајќи во предвид дека станува збор за малолетни лица. Училиштето ги известило родителите и полицијата, а насилниците биле суспендирани.

Исфрлени од училиште

Обвинителството го разгледало случајот и заклучило дека нема основа за отворање на кривична постапка, бидејќи насилниците се премногу млади и не можат кривично да одговараат.

Според Германскиот закон, 14 години е границата кога едно лице може да биде изведено пред суд. Најтешката казна која им се заканува на злоставувачите е исфрлање од училиште и запишување во училиште за деца со посебни потреби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг