ВАР технологијата пристигнува и во Англија

Точка

06/09/2018

11:07

1.015

Големина на фонт

а а а

Новата видео технологија која што им помага на судиите во носењето на одлуки веќе е дел од неколку европски фудбалски првенства, а оваа година дебитираше и на Светското првенство.

Новата сезона во Премиер лигата започна, а после репрезентативната пауза можеме да ја очекуваме ВАР технологијата на некои натпревари на Островот.

Имено, ВАР технологијата после 15-ти септември ќе биде користена на 15 натпревари од англиската Премиер лига, а после „пробниот период“, челниците на најелитниот англиски фудбалски ранг ќе одлучат дали новата технологија и официјално ќе стане дел од Премиер лигата.

ВАР технолигијата веќе е тестирана во Англија на неколку Куп натпревари, а сега челниците на лигата одлучија да ѝ дадат нова шанса на технологијата. Инаку, ВАР технологијата веќе е воведена во Серија А, Ла Лига и Бундес лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг