Дефанзивецот на Атлетико призна: Побарав да се преселам во ПСЖ, но не инсистирав на тоа...

Точка

06/09/2018

09:08

1.211

Големина на фонт

а а а

Филипе Луис ова лето се наоѓаше пред трансфер во ПСЖ, меѓутоа од Атлетико Мадрид не се согласија да го продадат, посебно откако стана јасно дека клубот го напушта и Шиме Врсаљко.

33-годишниот Бразилец потврди дека побарал од клубот да го пушти во ПСЖ, меѓутоа тврди дека не инсистирал на тоа.

„Постоеше интерес од ПСЖ, па ги известив во клубот и побарав да ми дозволат да одам. Мислев дека тоа е возможно затоа што имаше слична ситуација со Габи кој исто така имаше договор на уште една година, но од управата на Атлетико не мислеа така“, изјави Луис од додаде:

„Не е точно дека инсистирав на трансферот и разочаран сум од постапката на клубот затоа што тука поминав многу години“, изјави Луис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг