Најсиромашниот претседател - ѕвезда на филмскиот фестивал во Венеција.

Точка

05/09/2018

20:39

2.250

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, пред два дена бил ѕвезда на 75. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, со прикажувањето на документарниот филм за него, на режисерот Емир Костурица.

"Не сум ѕвезда", рекол Мухика на претставувањето на филмот и додал дека прифатил да дојде на фестивалот само поради неговиот пријател Костурица. 

"Мојот свет не е тука. Не знам дали е подобар или полош, но е поразличен", рекол Мухика, кој бил претседател на Уругвај од 2010. до 2015. година.

Мухика, нарекуван и Пепе, е познат по скромниот живот, а неодамна дал оставка и на сенаторското место.

Рекол дека не сака никаква пензија на основа на својот сенаторски стаж.

Познат е и како "најсиромашниот претседател на светот".

Костурица рекол дека Мухика прва пат го видел на неговиот имот како вози трактор.

"Ми рекоа - ова е претседателот, а јас на себе веднаш си реков - "ова е мојот човек"", рекол Костурица и додал дека од Мухика научил дека претседателот може да биде и извор на инспирација.

Во Венеција во тек е филмскиот фестивал, кој трае до 8. септември, кога ќе биде доделен Златен лав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг