СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да го повика членството да излезе на референдумот

Макфакс

05/09/2018

19:54

671

Големина на фонт

а а а

Целиот свет дава поддршка за интеграција на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на процесот за влез во ЕУ и НАТО

Македонија како никогаш досега има причини за славење. Се остваруваат стратешките интереси поставени уште на 8 септемеври 1991 година за целосна интеграција во ЕУ и НАТО.Обезбедена е покана за влез во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ, трајно се заштитени македонскиот идентитет, македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува, се вели во реакцијата на СДСМ. 

Според партијата, иднината на Македонија и нејзините граѓани е поважна од сите меѓупартиски полемики. Затоа, цела Македонија се обедини околу македонската иднина и се приклучи во процесот што води во ЕУ и НАТО.

,,Јасна и недвосмислена е поддршката од целиот демократски свет кој подава рака Македонија да стане членка на двата најголеми и најзначајни сојузи, Европската Унија и НАТО.

Силната и директна поддршка од ЕУ и НАТО мора да се искористи. Референдумот на 30 септември е со подеднаква историска важност како и реферндумот за независноста од 8 септември 1991 година.Токму затоа, сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност, да застанат зад интеграцијата и напредокот и да го повикаат своето членство да излезе на референдум и да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија”, се додава во соопштението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг