Нова фудбалска револуција: Елитните тренери бараат укинување на едно правило

Дерби

05/09/2018

19:01

2.817

Големина на фонт

а а а

Најугледните и најтрофејните европски тренери побарале од УЕФА укинување на правилото „гол во гости“, односно предноста која ја добива екипата поради постигнатите голови на гостински терен.

На тренерскиот сами кој се одржа во Нион големи тренерски имиња како Жозе Мурињо, Арсен Венгер, Карло Анчелоти, Диего Симеоне, Масимилијано Алегри… го посочиле барањето до УЕФА, а еден од првите луѓе на организацијата, Џорџо Маркети истакна дека истото ќе биде разгледано.

– Тренерите сметаат дека постигнувањето голови на гостински терен веќе не е толку тешко како во минатото. Истовремено ги охрабрува домашните тимови да играат подефанзивно за да избегнат примен гол на свој терен. Тие мислат дека ова правило треба да биде елиминирано, а ние ќе разгледаме што може да направиме- коментираше Маркети.

Инаку правилото „гол во гости“ поради кое многу тимови испаѓале од натпреварувањата под капа на УЕФА, за прв пат е воведено во 1965 година во тогашниот Куп на победниците на Куповите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг