Пенс ги повика властите во Мјанмар итно да ги ослободат новинарите на „Ројтерс“

Макфакс

05/09/2018

13:31

1.102

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, ги повика властите во Мјанмар итно да ги ослободат двајцата новинари кои се осудени на седум години затвор поради наводно кршење на законите за државни тајни.

Осудените новинари известуваа за минатогодишната операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во западниот дел на Ракајн.

Двајцата новинари на „Ројтерс“, 32-годишниот Ва Лон и 28-годишниот Кјав Сое О известувале за бруталниот однос на војската кон припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи кога биле уапсени и обвинети за кршење на Законот за официјална тајна, за што е предвидена казна затвор до 14 години. Тие пред судот се изјасниле дека се невини и дека полицијата ги наместила доказите притив нив. Новинарите беа уапсени на 12 декември лани.

Претходно итно ослободување на новинарите побара и Европската Унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг