Демократски сојуз се вклучи во кампањата „за“ референдумот

Макфакс

05/09/2018

12:26

927

Големина на фонт

а а а

Претседателството на Демократскиот сојуз донесе одлука за вклучување на партијата во информативна кампања во врска со претстојниот референдум, закажан за 30 септември.

„Демократскиот сојуз во рамките на Коалицијата ‘За eвропска Македонија’, преку непосредни контакти, средби со граѓани, трибини, митинзи, учество во дебати емисии и други активности, граѓаните ќе ги информира за договорот постигнат со Грција и перспективите што се отвораат со членството во НАТО и Европската Унија. Само со објективно информирање и мирна кампања, граѓаните ќе можат да ги препознаат историските димензии на референдумот и позитивниот резултат од истиот“, велат од партијата.

Според ДС, со влезот во НАТО и ЕУ ќе се јакне унитарниот карактер на државата, внатрешната кохезија, владеење на правото и ќе се создадат услови за подинамичен економски развој.

„На овој референдум не се гласа за партии, туку се гласа за иднината и перспективите на Македонија, посебно за младите генерации кои треба да создаваат и работат во Македонија. На овој референдум граѓани одлучуваат за Европска Македонија“, велат од ДС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг