Суарез во врска со доаѓањето на Погба во Барселона: Тој секогаш има…

Дерби

05/09/2018

11:56

2.243

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез, во интервју за радиото „РАЦ1“, говореше за неговата кариера во Барселона, но и за болниот пораз од Рома во минатогодишното издание на Лигата на шампионите.

Сепак, тој потенцрише дека пред клубот е нова сезона и овој пат, ќе дадат се од нив, за да стигнат до посакуваното признание. Суарез се осврна и на изјавата во врска со поканата упатена до францускиот репрезентативец, Пол Погба од страна на Пике.

– Погба е одличен фудбалер. Тој располага со одлична техника и секогаш имал осет за одлични додавања. Според мене, тој не е фудбалер за Барселона, но, секогаш ќе има отворена врата за нашите редови, – изјави Суарез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг