Лилјана Поповска и Николајчо Николов на суд за јавно соопштение за отворање нов рудник за бакар „Боров Дол“

Макфакс

05/09/2018

11:46

1.597

Големина на фонт

а а а

Во Основниот суд 2 за денеска е закажано рочиште за судење на партијата ДОМ и Лилјана Поповска, на барање на тужителот „Боров Дол“, застапуван од Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“ и претседател на Македонската асоцијација за рударство, информираат од партијата.

„ДОМ е тужен зошто тужителот, наводно, бил наклеветен и претрпел штета на угледот со јавното соопштение за отворање нов рудник за бакар ‘Боров Дол’. Со оглед на вистинитоста на исказот, не е јасно каде е оштетен тужителот, освен ако не планирал тајно да го отвори рудникот??? Се разбира, иронизираме, зашто тужбата е апсурдна. Ние, како зелена партија и членка на семејството на Европските зелени, имаме обврска да ја информираме јавноста за стопанските активности кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина. Ова е, впрочем, и обврска на државата, која ја прифатила Архуската конвенција, според која јавноста МОРА да биде точно и вистинито информирана за сè што е поврзано со животната средина“, велат преку соопштение од ДОМ.

Ако некој бизнис-моќник мисли да прави цензура над информациите од животната средина, или да ги заплашува екологистите од Македонија, независно дали се од партија или независни, треба да знае дека почнал јалова битка, се додава во соопштението испратено од ДОМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг