Имале моќни сопрузи, но не можеле да одолеат на шармот на телохранителите: Овие дами се впуштиле во забранети афери

Точка

05/09/2018

21:30

10.426

Големина на фонт

а а а

Жените кои се носители на јавни функции или пак оние чии сопрузи се во центарот на вниманието, постојано сè под будното око на јавноста, па така често дознаваме за бројните скандали во нивните животи, дури и изневерувања.

Повремено во медиумите ќе избувне вест дека некоја славна дама одлучила да се впушти во романса со својот телохранител. 

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Марла Мејплс

Марла Мејплс, втората сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп во 1996 година се најде на удар на медиумите. Прво се пишуваше за неа дека го растурила бракот со Трамп за неколку години подоцна да биде уловена како го изневерува со Спенсер Вагнер, тогашниот телохранител на нејзиниот сопруг.


Како што пишува Дејли Меил еден ден полицаецот кој патролираше низ резиденцијата на Трамп ги "уловил" Вагнер и Марла како излегуваат од помошната куќа. И двајцата негираа дека биле заедно, а четири месеци подоцна Вагнер беше отпуштен.

Принцезата Дајана

Експертот за кралското семејство, Питер Сетлен изјави во едно интервју, а пренесува Дејли Меил, дека принцезата Дајана во период помеѓу 1992 година и 1993 била многу заљубена во еден маж. Принцезата никогаш не го именувала, но кружат гласини дека станува збор за поранешниот телохранител Бери Манаки.

Тој бил нејзин долгогодишен телохранител. "Кога имав 24, 25 години бев заљубена во некој кој работеше како мое обезбедување. Но, тој е убиен", изјави во една прилика Дајана. Како што пренесува Дејли Меил, 39 годишниот маж бил со својот пријател на мотор кога во нив удрил автомобил.

Еленор Рузвелт

Откако Еленор Рузвелт во 1918 година открила дека нејзиниот сопруг Френклин Рузвелт ја изневерува со секретарката Луси повеќе од 6 години, одлучила да му се одмазди.


Кога во 1928 година, нејзиниот сопруг беше именуван за гувернер на Њујорк, неа ѝ бил доделен телохранителот Ерл Милер. За да му се одмазди на сопругот, таа почнала романса со телохранителот. За романсата се дознало кога се откриле љубовните писма кои меѓусебно си ги разменувале.

Принцезата Стефани

Принцезата Стефани живеела живот како од бајка, сè додека нејзината мајка Грејс Кели не доживеа сообраќајна несреќа и ѝ починала во раце, кога принцезата имала само 17 години. Стефани од тој момент започнала да живее сосема поразличен живот и после низа на романси, започнала врска со телохранителот Даниел Дукрет.


Нејзиниот татко Рајнер дознал за оваа романса откако обелоденила дека е бремена. Таа го родила синот Луис во 1992 година и ќерката Паулин во 1994 година, а една година подоцна направиле и венчавка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг