Може ли Германија да го преживее Исламот? Екстремните десничари отворено се против муслиманите, а сѐ повеќе има насилства на улиците

Точка

05/09/2018

12:18

6.428

Големина на фонт

а а а

Прашањето „Може ли Германија да го преживее Исламот?“ повторно се најде во центарот на вниманието послее протестите кои што избија после бруталното убиство на еден Германец од страна на мигранти од Авганистан и Сирија.

Целата тема се актуелизираше и после објавувањето на книгата „Непријателско освојување: Како Исламот го спречува напредокот и му се заканува на општеството“, а сето тоа се поклопи со бранот на насилства во источниот германски град Кемниц.

Во саботата околу 11 илјади луѓе (8 илјади десничари и околу 3 илјади левичари кои што протестираа против Нацизмот) излегоа на улиците на Кемниц каде што се случи убиството. Според германските медиуми, за време на протестите избиле и насилства кои што резултирале со 18 повредени лица.

Овие судири не се невообичаени, баш како и дебатата за Исламот, меѓутоа случувањата од минатата седмица ги откриваат размерите на влијанието на бегалците после 2015-та година на државната политика и јакнењето на поддршката на „Алтернатива за Германија“, партија на десничарите – прва таква која што успеа да влезе во Бундестагот после Втората светска војна.


Сцените на неонацистите во Кемниц значат дека германската влада не успеаала да ја сопре насилната екстремна десница, иако со децении се обидува да го стори тоа, пишува „Политико“.

Германија всушност ги има сите причини да слави „златна ера“. Невработеноста е на најниско ниво од обединувањето на државата и се бележи одличен економски раст. Се очекува јавниот долг оваа година да биде помал од 60 отсто од БДП, што значи дека Берлин за прв пат после 20 години ќе ги исполни критериумите на Договорот од Мастрихт.

Сепак, и покрај големиот економски напредок, германското општество трпи негативни последици од милиони баратели на азил кои што од 2015-та година пристигнаа во земјата. Тило Сарацин, поранешен член на одборот во Бундесбанка, во својата книга „Непријателско освојување: Како Исламот го спречува напредокот и му се заканува на општеството“, го изнесува своето предвидување за иднината на Германија.


Тој Исламот го опишува како „идеологија на насилството преоблечена во религија“ и тврди дека можно е Исламот да преовладее и со тоа да го уништи европското напредно општество.

Иако Германија според меѓународните стандарди е исклучително безбедна земја, низата на насилни злосторства зад кои стојат бегалците ја вознемирува нацијата, па колку и да се обидуваат властите од Берлин да го прикријат тоа.

Силувањето и убиството на 14-годишното девојче во јули оваа година кое што го изврши барател на азил од Ирак ја згрози нацијата. На ова грозоморно дело му претходеше и друго брутално злосторство. Во продавница на југозападот на Германија беше убиено 15-годишно девојче од Авганистанец кој што во меѓувреме доби „смешни“ 8 години и шест месеци затворска казна. Авганистанецот го убил девојчето од германска националност затоа што не сакало да му биде девојка.


Кога на тоа ќе се додадат и неодамнешното брутално убиство на 35-годишниот Германец во Кемниц и силувањето на 10-годишното момче од страна на мигранти од Авганистан и Сирија за кои што германски педагог изјави дека е „тип на злосторство какво што досега не им било познато на Германците“, јасно е во која насока се движи Германија.

Статистичките податоци укажуваат на тоа дека минатата година бегаците во Германија биле осомничени за 15% од убиствата во оваа земја, иако чинат само 2% од населението.

Во меѓувреме, проблемот со бегалците им доаѓа како порачан на „Алтернатива за Германија“. Ултрадесничарската парија чии што челници најавуваат „забрана на Исламот во Германија“ и повикуваа на „стрелање на мигрантите на германските граници“ веќе е сериозна и реална закана за партијата на Меркел во пресрет на покраинските избори закажани за следната година. Според анкетите, десничарската партија има голем број на поддржувачи во источна Германија, а нивно главно упориште е Саксонија.

Иако од владеачката гарнитура во Берлин тврдат дека „Алтернатива за Германија“ има поддржувачи само на истокот, сепак, со оглед на тоа што книгата „Непријателско освојување: Како Исламот го спречува напредокот и му се заканува на општеството“ на Тило Сарацин минатата седмица изби на првото место на листата со бестселери на „Амазон“, јасно е дека загриженоста за бегалците и исламот ги надминува границите на источна Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг