Починал севернокорејскиот научник, еден од творците на нуклеарниот програм: Бил задолжен за ракетите, Америка го ставила на црната листа

Точка

04/09/2018

18:06

2.199

Големина на фонт

а а а

Поради улогата во севернокорејскиот нуклеарен програм во 2013. година, тој се нашол на списокот на поединци на кои американското министерство за финансии им вовело санкции.

Севернокорејскиот научник Џу Кју Чанг, еден од луѓето санкционирани поради наводната улога во нуклеарниот и ракетниот програм на Пјонгјанг, починал од крвна болест, пренесува агенцијата "KCNA". 

Според наводите на оваа агенција, Џу, академик и професор, починал вчера на 90 години.

Во некрологот е наведено дека станува збор за "стар револуционер кој дал голем придонес за зајакнувањето на капацитетите за одбрана на земјата".

Џу Кју Чанг бил на чело на министерството за одбрана, задолжен за нуклеарното оружје и балистичките ракети.

Поради улогата во севернокорејскиот нуклеарен програм во 2013. година се нашол на списокот на поединци на кои американското министерство за финансии им вовело санкции.

Јужнокорејската агенција "Jonhap" навела дека Џу во 2009. година стоел покрај тогашниот лидер Ким Јонг Ил при лансирањето на проектилот "Unha 2". Исто така, имал клучна улога во развивањето на двете ракети "Unha 3", лансирани во 2012. година.

Северна Кореја нуклеарниот програм го поставила како приоритет и последните години остварила голем напредок.

Пјонгјанг извел шест нуклеарни проби и лансирал бројни интерконтинентални балистички ракети.

Северна Кореја минатата година соопштила дека ја остварила целта во развојот на мали нуклеарни глави, кои ќе можат да дојдат до територија на САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг