Француската морнарица е подготвена да интервенира: Камења и димни бомби "работеле" во судирот на француските и британските рибари! Борбата за лов на школки отишла предалеку

Точка

04/09/2018

15:17

1.727

Големина на фонт

а а а

Министерот за земјоделие на Франција, Стефан Травер, денес изјавил дека француската морнарица е подготвена да интервенира за да ги спречи судирите меѓу француските и британските рибари околу ловот на школки во близина на францускиот брег.

Травер изразил надеж дека британските и француските рибари ќе постигнат договор на утрешниот состанок, пренел "AP". Травер рекол дека не може "да се продолжи вака ниту да има судири како овие". 

Француските и британските рибари се судриле поради школки минатата недела, а притоа Французите своите британски колеги ги навредувале, фрлале камења и димни бомби кон нив, пренесува "BBC".

Судирот се случил на 12 наутички милји од брегот на Нормандија, во близина на заливот на Сена.

"BBC" наведува дека инцидентот се случил кога околу 40 француски бродови во текот на ноќта протестирале поради таканаречениот "британски грабеж".

"Французите се обиделе да ги контактираат Британците за да ги убедат да престанат со риболовењето, но се судриле. Фрлани се камења, но никој не бил повреден", изјавил шефот на Службата за риболов на Нормандија, Дмитри Рогоф. Некои бродови биле оштетени во судирот.

"За Британците тоа е отворен бар - тие ловат кога сакаат, каде сакаат и колку сакаат", рекол Рогоф.

Како што се наведува, британските бродови имале дозвола за ловење во таа област богата со школки, меѓутоа нивното присуство ги разбеснило Французите кои ги обвиниле за бесрамна експлоатација на резервите со школки.

Поради инцидентот, британските рибари побарале заштита од владата, додека Французите се жалат на загуба на примарниот ресурс. Судирот меѓу Французите и Британците за школки постои веќе 15 години, а последните пет години на сила бил договорот според кој поголемите британски бродови не влегувале во таа област, во замена за поголеми рибарски права.

Според тој договор, британските бродови можат да собираат школки во текот на годината, меѓутоа, според францускиот закон сезоната за лов на школки е ограничена на периодот од 1. октомври до 15. мај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг