"Можам и јас да те имитирам", Ѓоковиќ воодушевен од малото детенце кое ја поздрави публиката во негов стил

Точка

04/09/2018

15:31

4.382

Големина на фонт

а а а

"Сметам дека ова е официјално најдобрата имитација на Новак Ѓоковиќ", рекол самиот Новак откако едно дете ја имитираше тениската легенда.

Секако, после победа расположението секогаш е максимално, таква атмосфера владееше и за време на прес конференцијата на US Open победникот. Присутни беа и Лолита и Џонас, детските амбасадори, а нив ги интересираше кој досега го имитирал најдобро: 


"Родик го направи тоа одлично, можеби и Киргиос!", рекол Новак, а после тоа се надоврза и симпатичното детенце:

"Можам и јас да те имитирам!".

Детето ја поздрави публиката во стил на Новак, а тенисерот се насмеа од срце и почна да му аплаудира и му ја подари неговата капа:

"Најдобра имитација на Новак Ѓоковиќ!"



Спонзорирани линкови

Маркетинг