Терористот кој ги нападнал туристите во Амстердам барал азил во Германија: 19-годишниот Авганистанец кој ги избодел Американците - Германија го сметала за безопасен

Точка

03/09/2018

19:21

3.151

Големина на фонт

а а а

Авганистанецот, осомничен за напад на двајца американски туристи на главната железничка станица во Амстердам, поднел барање за азил во Германија и не бил сметан за безбедносна закана, соопштиле денес германските власти.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи, Харалд Нејманс, рекол дека осомничениот Авганистанец бил регистриран во Германија како барател на азил. 

Нејманс навел дека германската федерална полиција нема информации дека осомничениот е сметан за закана по безбедноста, пренесува агенцијата "AP".

Осомничениот подоцна во текот на денот би требало да се појави пред истражен судија на сослушување кое ќе се одржи во болница, каде се опоравува откако го ранила полицијата.

Холандските власти вчера соопштиле дека напаѓачот имал "терористички мотиви".

Во нападот во петокот потешко биле повредени двајца американски државјани. Полицијата пукала и го ранила напаѓачот, кој бил идентификуван како Џавед С, 19-годишен Авганистанец со дозвола за престој во Германија, а потоа го уапсила.





Спонзорирани линкови

Маркетинг