Лавров: Односите меѓу Русија и САД ни во блиска иднина нема да бидат особено добри

Макфакс

03/09/2018

14:29

735

Големина на фонт

а а а

Русија нема нужно да одговори во иста мера на санкциите кои САД ги воведоа за Москва поради наводната вмешаност во труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Обраќајќи им на студентите и на предавачите на Државниот институт за меѓународни односи во Москва, тој рече дека Русија „дефинитивно ќе одговори и дека наскоро ќе биде издадено соопштение во врска со тоа”.

Лавров тврди дека санкциите во САД се базираат на лажни обвиненија и дека заклучокот е „многу веројатно” сè што може да направат британските власти против Русија, објави ТАСС.

Рускиот министер смета дека односите меѓу Русија и САД во блиска иднина нема да бидат особено добри, но, во исто време, тој изрази надеж дека односите на крајот ќе бидат вратени на ниво на стратешко партнерство.

Шефот на руската дипломатија додаде дека, кога Русија и САД се во добри односи, целиот свет има корист од тоа и уште еднаш повтори дека Москва е подготвена да оди напред во односите онолку колку што Вашингтон е подготвен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг