Мурињо со интересен одговор околу неговото наводно отпуштање од Манчестер Јунајтед

Дерби

03/09/2018

13:53

2.734

Големина на фонт

а а а

Португалскиот стратег Жозе Мурињо беше видно расположен по победата во текот на вчерашниот ден против Барнли на „Турф Мур“ со 2:0.

По натпреварот Мурињо одговараше на разно разни прашања, а беше запрашан и за неговата евентуална смена од кормилото на Манчестер Јунајтед.

- Доколку ме отпуштат, дали имате претстава колку пари ќе треба да ми дадат? Велат дека сум во опасност, но јас не мислам така - низ шега коментираше Мурињо за „Ла Република“.

Манчестер Јунајтед конечно после долго време одигра еден одличен натпревар и без проблем го совлада тимот на Барнли со 2:0. Сега следи репрезентативната пауза, по што „ѓаволите“ ќе заминат на гостување кај Вотфорд кој има феноменален старт на сезоната со четири победи од исто толку натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг