Американскиот сенатор Џон Мекејн е погребан на гробиштата на Поморската академија на САД во Анаполис, Мериленд.
Мекејн, кој почина минатата сабота на 82 години, е погребан до својот долгогодишен пријател и колега на академијата, адмиралот Чак Ларсон, известува „Гласот на Америка“.
Републиканскиот сенатор и претседателски кандидат, кој помина повеќе од пет години во заробеништво за време на војната во Виетнам, последен пат говореше во академијата во октомври минатата година, кога им кажа на кадетите дека училиштето го подготвило за предизвиците со кои се соочил подоцна.
Посмртните останки на Џон Мекејн беа свечено изложени во зградата на Конгресот во петокот, а за време на меморијалната служба одржана во саботата во Националната катедрала, а за Мекејн зборуваа поранешните американски претседатели Барак Обама и Џорџ В. Буш.