Во директен судир на два рекреативни брода во реката Колорадо во близина на границата на американските држави Калифорнија и Колорадо, повредени се 13 лица.
Две лица се водат за исчезнати, изјавија официјални лица.
Несреќата се случила вчера во регионалниот парк Маоби, популарен рекреативен парк долж границата на двете сојузни американски држави, околу 470 километри источно од Лос Анџелес.
Спасувачите биле принудени да ја прекинат потрагата по исчезнатите и да ја одложат за утрото, зошто било премногу опасно да нуркаат во реката во текот на ноќта.