(Видео) Стоилковски: Владата троши народни пари за приватни журки

Макфакс

31/08/2018

16:21

989

Големина на фонт

а а а

Владата троши народни пари за приватни журки, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Парите сè уште не се распределени за да може да почне кампањата, оние средства што власта си ги распредели сама на себе, а Владата веќе емитува однапред снимени реклами и спотови! Па господа, кога и со кои пари се снимени овие реклами за самопромоција? Ова е уште една ‘журка’ на власта со пари од буџетот, додека економијата останува закована на дното. Ова подлежи под морално-политичка одговорност – парите за ваква намена сè уште не се распределени, нема финансиска конструкција, а веќе се потрошени“, изјави Стоилковски.

Не е европска вредност кога државата се нагласува како мека за криминал и корупција од сите светски медиуми, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека економијата е на дното, земјата станала позната по скандалите со тендерите, а криминалот и корупцијата во оваа кампања не запирале тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг