Големтаа и целосно прилагодлива столица нуди максимална удобност при играњето на видео игрите, а доаѓа со „механичка роботска рака“ на која што се наоѓаат три 27-инчни монитори.
Компанијата Acer ја претстави Predator Thronos гејмерската столица, или според многумина, гејмерскиот кокпит кој што потсетува на симулаторите за летање, столица која што гејминг искуството ќе го подигне на сосема ново ниво.
Дизајнирана како столицата од најлудите гејмерски соништа, Predator Thronos доаѓа со „механичка роботска рака“ на која што се сместени дури три 27-инчни монитори. Predator Thronos секако, има место за тастатура и глувче, како и за сместување на голем гејмерски компјутер.
За гејмингот да биде уште подобар, столицата може комплетно да се прилагоди, а треба да се напомене и можноста за вибрирање - Predator Thronos ги следи случувањата во игрите и ударите и вибрациите од виртуелниот, ги префрла во реалниот свет.
Од Acer не открија кога Predator Thronos ќе се појави во продажба, ниту пак по која цена ќе се продава (се шпекулира дека овој „гејмерски трон“ ќе чини околу 3,500 евра), а треба да се знае дека заедно со столицата, не се испорачува и гејмерски хардвер.