„Кралот“ Џејмс со својот потег и преминот во ЛА Лејкерс јасно стави до знаење дека сака нов шампионски проект, а сите највлијателни американските медиуми на големо пренесоа дека неверојатниот Леброн ќе направи нешто што му успеа на Коби Брајант, да состави победничка генерација на ЛА Лејкерс. Коби Брајант не чекаше долго да му честита на Џејмс за кого медиумите пишуваа дека тој го советувал Џејмс да пристигне во редовите на Лејкерс.
Но, сепак кошаркарот кој смени два тима до сега, почнувајќи од Кливленд Кавалирс, па со преминот во Мајами Хит и повторно повратокот во Кливленд, нема да му биде лесно да го направи она што Коби го направи за ЛА Лејкерс. Иако Леброн го помина легендариот Мајкл Џордан по бројот на постигнати поени во финалните средби во НБА лигата со преку 1,176 поени и по бројот на погодени слободни удари во плејофот 1,463, едно е сигурно, тоа е притисокот на навивачите кои очекуваат само победи од него.
Притисокот со кој се соочува Леброн е оправдан ако се знае дека Брајант во дваесетгодината кариера освои пет шампионски прстени, постигна 30.000 поени, даде над 6.000 асистенции, 18 пати настапи на „Ол-стар“и е втор стерелец со 81 поен на еден меч во НБА лигата, со што доволно кажува со каков притисок се соочува ,,кралот” Џејмс. Останува да почекаме да почне новата сезона и да видиме како ќе се снајде надјдобриот кошаркар на денешницата.