Немал за такси, па ја задавил манекенката: Уапсен осомничениот за убиството на познатиот модел во Филаделфија

Макфакс

30/08/2018

09:50

3.229

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Кристина Карлин Крафт, била пронајдена мртва во својот стан во Филаделфија пред неколку дена.

Убиецот ја задавил, но безбедносните камери успеале да го снимат додека влегувал во зградата. 

Полицијата денес соопштила дека го уапсила осомничениот за ова убиство.

Тој бил уапсен во Питсбург, а со Кристина, според неговата приказна, се запознал тоа утро.

Според некои информации, осомничениот пред да ја убие манекенката, бил во такси со уште неколку лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг