Четири модни парчиња кои ви се потребни за совршен есенски изглед

Кармин

30/08/2018

08:43

4.089

Големина на фонт

а а а

По лелеавите фустани и минијатурните топови, доаѓа време за промена и малку повеќе облека на вас.

Она што ви е потребно за есенскиот период се класичните парчиња кои секогаш се во мода и со кои секогаш ќе изгледате одлично. Со цел да изгледате уредно и шик, ви предлагаме да ги базирате своите модни комбинации на следните четири клучни парчиња облека: 

Карирано сако

Ова ретро парче изгледа одлично во речиси секоја модна комбинација, а поради неговата впечатливост, најдобро изгледа со обична црна маичка и фармерки.

Миди фустан со принт

Во својот ормар секако треба да имате еден фустан со средна должина и интересен принт кој ќе можете да го искористите во секоја прилика.

Балонер

Инвестицијата во балонер е една од најисплатливите модни инвестиции. Освен што нема "рок на траење", овој легендарен мантил изгледа шик и елегантно со секоја дневна и вечерна комбинација.

Плетиво

Никогаш не можете да погрешите со квалитетен плетен џемпер. Оваа година во тренд се ѕвонестите ракави кои му даваат интересен изглед на класичниот крој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk