Поради овој костим ѝ порачаа дека отишла предалеку, а сега се појави на US Open во уште поконтроверзно издание

Кармин

29/08/2018

21:33

8.076

Големина на фонт

а а а

Пред неколку денови се подигна вистинска фама кога претседателот на тенискиот сојуз на Франција, Бернард Гидисели истакна дека носењето на "храбри" комбинации на теренот на Роланд Гарос повеќе нема да биде дозволено, индиректно прозивајќи ја Серена Вилијамс, која на тој натпревар се појавила во контроверзен црн спортски комбинезон.

"Сметам дека понекогаш одиме навистина предалеку. Ваквите случаеви повеќе нема да се прифаќаат. Играчите мора да ја почитуваат играта и местото на кое играат", рекол Гидисели во интервју за "Tennis Magazine", најавувајќи дека Роланд Гарос ќе воведе и службен дрес код. 


Имено, славната тенисерка се појави на натпревар во црн комбинезон инспириран од жена мачка, а таа истакна дека тој костим ѝ е неопходен поради циркулацијата на крвта со оглед на тоа дека после породувањето имаше згрутчена крв.

"Ова е за сите мајки кои имале тешка бременост и кои мора да поминат низ сè за повторно да имаат верба во себе. Тоа го претставува мојата облека", рече Серена.


Серена сега повторно е во акција, синоќа стартуваше и на US Open, а пред домашната публика извојува победа над Магда од Полска. Овој пат се појави во необична опрема, играше во мрежести хулахопки и кратко здолниште, кое повеќе потсетува на балетско отколку на спортско.


Таа ѝ се обрати и на јавноста пред натпреварот, истакнувајќи дека лично разговарала со Гидисели, инсистирајќи на тоа дека не е лута и дека тој е сјајна личност.

"Со него е лесно да се зборува. Речиси цел мој тим е составен од Французи, така што имаме одличен однос. Сигурна сум дека тој ќе има разбирање и дека сè ќе биде во ред. Очигледно е дека Грен Слем турнирите имаат право да прават што сакаат. Имам чувство дека нема причини зошто да не бидат "OK" со нешто што е направено поради здравствени причини", нагласи 36 годишната Серена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk