Им кажале да ја облекуваат нивната ќерка како "девојче", а нивниот генијален одговор го насмеа светот

Точка

28/08/2018

13:09

7.148

Големина на фонт

а а а

Кога родителите ги оставаат децата во градинка, сe' им проаѓа низ глава - дали понеле доволно резервна облека, дали нивното дете ќе плаче, дали ќе се повреди, дали ќе јаде... Меѓутоа, родителите Стив и Џесика Ролд од Данска доживеале друг вид на проблем кој никогаш претходно не им паднал напамет.

Воспитувачите им предложиле да го променат стилот на облекување на нивното девојче. Бидејќи станува збор за девојче, тоа требало да носи фустанчиња и панделка во косата, со цел другите деца да знаат дека е девојче. 


"Како родители треба да ги одберете приоритетите во животот и во која насока ќе ја насочите својата енергија. Доколку имате пари, време или склоност да му ставите панделка на вашето дете поради која сите ќе бидете среќни - само напред! Но, тоа нас не не' интересира во овој момент", раскажал Стив.

"Не знаевме кој пол е нашето бебе пред раѓањето, така што нашата ќерка воглавно носи облека која е рачно изработена, а ја купивме пред да дознаеме дали ќе биде момче или девојче. Се' е неутрално", додал таткото.

Но, Стив и Џесика не биле навредени од критиката на воспитувачите. Напротив, тие на симпатичен начин одговориле на истата - нацртале панделка на самолеплива хартија и ја залепиле на нејзината глава.

Наспроти овој инцидент, родителите се задоволни од изборот на градинка за своето дете поради квалитетното и отворено образование кое таа го нуди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг