Еден ден после свадбата, поранешниот сопруг на Белучи пее под прозор...

Кармин

27/08/2018

18:32

7.763

Големина на фонт

а а а

Додека во светот сѐ уште одекнува веста дека Винсент Касел се венчал со манекенката Тина Канакеј, се појави и една интересна видео снимка, на која се гледа како се однесувал младоженецот утрото по свадбата.

Во едно интервју, на почетокот на месецот, Касел рекол дека "љубовта не е секогаш фер".

Можеби така најдобро им опишал и одговорил на сите кои со денови дебатираат за тоа како таа е ангел, бомба, а "видете го него".

Сепак, видео записот кој се појавил, го покажува сиот негов раскошен шарм, спонтаност и животна радост и објаснува како и зошто дури и пред младата манекенка, на него "паднала" една од најубавите жени во светот, заносната и неповторливата Моника Белучи.


"Имам 52 години и ќе се оженам со 20-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе имаме деца", изјавил актерот за странските медиуми.


Касел и неговата избраничка се венчаа во Бидар, во Франција. Младенците после венчавката се бакнале пред зградата, па затоа актерот на Инстаграм објавил фотографија со натпис "Да".


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk