Сведок открил морничави детали за крвавиот турнир во видео игри: "Јас сум тој кој го победи, но кога му пријдов..."

Точка

27/08/2018

18:04

6.355

Големина на фонт

а а а

24-годишниот Дејвид Кац убил двајца на турнир во видео игри на Флорида, а потоа извршил самоубиство. Еден од учесниците изјавил дека верува дека Кац го планирал нападот и смета дека убиствата не се поврзани со неговите резултати на натпреварот.

"Мислам дека нема врска дали губел и од кого губел, бидејќи во текот на турнирот тој изгуби два пати. Јас сум една од личностите коja го победи", изјавил сведокот. 

"Тој бирал мети, но не ги гаѓал луѓето кои го победиле. Цел викенд се однесуваше чудно, носеше очила за сонце и не зборуваше со никого. Кога го победив и сакав да му честитам на добрата игра, тој само ме погледна и ништо не ми кажа".

"Турнирот траеше два дена, а тој вториот ден воопшто не се пресоблече. Мислам дека го планирал нападот бидејќи кога планирате нешто такво, не се пресоблекувате", додал сведокот.

На крајот рекол дека сцената била "стравична, како во филмовите", но и дека Кац испукал минимум десет куршуми од својот пиштол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг