(Видео) Попова: Преку ЈСП се испумпуваат 200 илјади евра пари на граѓаните

Макфакс

27/08/2018

16:34

1.029

Големина на фонт

а а а

СДСМ удри на крадење на најјако, а референдумот е само параван зад коj ги сокриваат сите криминали на картелот на власт, рече на денешната прес-конференција советничката во советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која обвини за расфрлање стотици илјади евра, пари на граѓаните, од страна на ЈСП.

Имено, таа посочи дека постои сериозно сомневање за постоење на криминалната шема на СДСМ за испумпување пари од буџетот. 

„Преку ЈСП Скопје се испумпуваат 200 илјади евра за две набавки што ги добиваат две фирми во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот. Најтрагично е тоа што вобичаените услуги се плаќаат по двојно повисока цена“, истакна Попова. 

Таа образложи дека фирмите „Идкардс“ и „Ит плус смарт консалтинг“, формирани од лицето Б.М. на неговата домашна адреса „Димо Хаџи Димов“ број 81, само еден месец откако се формирани се јавуваат како извршители на бизнис во вредност од 200 илјади евра, прво за набавка на електронски картички за возење, по цена поскапа од претходната, а вторпат за консултантски услуги. 

„Елетронските картички за возење кои порано го чинеа претпријатието 100 денари, сега ќе го чинат 120 денари. Скопјани ќе плаќаат 20% повеќе, нашите пари наместо за некоја нова инвестиција завршуваат во нечиј џеб по веќе познатата шема на СДСМ“, рече Попова, која јавно праша дали тука не се работи за уште една шема каде има сомневање дека блиски луѓе на власта првин формираат фирми неколку дена пред да се распише тендер од некоја државна институција, а потоа се распишува тендер скроен по мерка на фирмата штотуку формирана, за истата на крај да добие милионски бизнис од власта. 

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доколку Шилегов нема удел во сомнителните набавки, треба веднаш да го разреши директорот и да ги поништи набавките. 

„Целиот материјал за сомнителните набавки треба да биде доставен до органите на прогонот, кои треба да почнат сериозна истрага за случајот тежок стотици илјади евра“, додаде Попова и рече дека Шилегов повеќе од 10 месеци нема направено ниту еден проект за градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг