"Гејмер без емоции" го извршил масакрот: Дејвид Кац, убиецот од Џексонвил живеел за видео-игри, еден пораз бил премногу

Макфакс

27/08/2018

14:11

4.671

Големина на фонт

а а а

Момчето осомничено за пукање на турнирот во видео-игри во американскиот град Џексонвил е 24-годишниот Дејвид Кац.

Кац и самиот учествувал на турнирот, а наводно по испаѓањето од натпреварувањето тргнал во својот одмазднички поход, во текот на кој убил две лица, а потоа извршил и самоубиство. Според изјавата на еден од учесниците на турнирот, Кац бил лут што поразен го напуштил турнирот - инаку станува збор за успешен играч на спортската игра NFL Madden - па својот бес одлучил да го истури на другите играчи. 

Полицијата засега тврди дека мотивот за нападот е непознат, а за Кац е познато дека доаѓа од Балтимор и дека бил многу познат во гејмерските кругови по името "Бред". Бил повлечено момче, а неговите противници на турнирот за него немале премногу зборови - се затворал во себе и не стекнувал пријатели.

"Дејвид Кац чува се во себе. Тука е да работи, а не да создава пријатели. Не можете од него да очекувате да се отвори за било што, тоа е како да му вадите заби", рекол еден навивач на турнирот пред трагичниот настан.

Момчето кое изгубило од Кац, сведочело дека ни по победата не покажал никакви емоции.

"Му подадов рака и му кажав дека игра добро. Но, само ме погледна, не кажа ништо". Според податоците од судскиот регистар во Балтимор, се тврди дека момчето имало "големи здравствени проблеми и потреби за медицинска нега".

Соседите велат дека Кац биле скромно семејство, кое не се издвојувало од другите. "Не можам ништо посебно да кажам за нив. Не постои ниедна причина да кажам дека ми беа сомнителни. Живеевме тука со години, но никогаш не комунициравме", рекол еден од нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг