Сари: Не сум видел тим на Бенитез да игра со пет дефанзивци

Точка

27/08/2018

09:08

1.622

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Челси вчера славеа тешка победа на гостувањето против Њукасл во последните минути од натпреварот.

Челси славеше со 1:2 на гостувањето кај Њукасл, а тренерот на лондонскиот клуб изјави дека е изненаден од дефанзивниот пристап на екипата на Рафаел Бенитез.

„Никогаш не сум видел некој од тимовите на Рафаел Бенитез да игра со пет дефанзивци. Беше многу тешко да се игра и тоа важи за сите клубови кои што гостуваат кај Њукасл“, изјави Маурицио Сари и додаде:

„Натпреварот беше многу тежок, имавме голем проблем да дојдеме до отворен простор. Њукасл дури и некоректно го израмни резултатот“, изјави Маурицио Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг