Хаваи: Иако ослабе, ураганот Лејн прави проблеми, спасени петмина туристи

Макфакс

24/08/2018

15:08

925

Големина на фонт

а а а

Ураганот Лејн, кој го зафати хавајскиот Голем Остров, ослабе. Според метеоролозите, тој сега иако е квалификуван како тропска бура сепак предизвикува проблеми.

По налетот на ураганот забележани се лизгања на земјиштето на одредени делови од Хаваи. 


 Спасувачките екипи соопштија дека во текот на денот биле спасени пет туристи од Калифорнија, кои биле заробени во поплавена куќа. 


Една од спасените туристи, Сузан Демер за агенцијата „АП“ изјави дека за околу 24 часа куќата во која биле се поплавила од силниот пороен дожд што го донел ураганот Лејн. 


На Хаваи и натаму училиштата и продавниците остануваат затворени. Голем број од жителите се сместени во засолништа.


Националната метеоролошка служба на САД очекува налети на ветрот од 60 до 120 километри на час, иако според првичните информации се очекуваше ураганот да стигне до хавајскиот Голем Остров со брзина на ветрот од 260 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг