Манекенката го покажа вереничкиот прстен на насловната страна на магазинот "Vogue"

Кармин

24/08/2018

14:48

7.011

Големина на фонт

а а а

Манекенката Хејли Болдвин е ѕвездата на септемвриското издание на мексиканскиот магазин Vogue. Но, на црно белата насловна страна во преден план е претставен нејзиниот веренички прстен со огромен дијамант со кој пејачот Џастин Бибер ја запроси.

"Прстен од 12 милиони лајкови", пишува на насловната страна на магазинот, иако сегашната бројка на лајкови на фотографијата која ја објави Бибер преминува на повеќе од 13 милиони. 

Како што наведува Cosmopolitan, пејачот за прстенот издвои неверојатни 500.000 долари, а дизајнерот на прстенот, Џек Солоу откри дека Бибер имаше голема улога и во креирањето на прстенот.


"Џастин сакаше прстен кој совршено ќе се совпадне со убавата и елегантна рака на Хејли. И двајцата се согласивме дека овој дијамант е најдобар избор, а нејзината рака го докажува тоа", изјави дизајнерот за накит за магазинот.


И додека оваа свршувачка беше голем шок за сите, извори блиски до парот велат дека врската на Џастин и Хејли е вистинска.

"Ова не е шега. Тој ја запроси, бидејќи навистина чувствува дека Хејли е љубовта на неговиот живот", вели неименуван извор. "Имаше тежок период минатата година, но работеше напорно за да се промени и да најде смисла во неговиот живот. Хејли го направи многу среќен".




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk