Пресврт на Хаваите, ураганот запрел во последен момент: Се подготвиле за удар на векот, ветровите дувале со 260 километри на час

Точка

24/08/2018

09:09

3.595

Големина на фонт

а а а

Ураганот Лејн, кој го зафатил хавајскиот Голем остров, ослабел, па метеоролозите сега го класифицираат како тропска олуја.

Националната метеоролошка служба на САД очекува налети на ветер од 60 до 120 километри на час. 

Предупредувањето за ураган уште не е укинато во окрузите Оаху и Мауи, а итните служби сега спасиле пет лица од поплавените куќи на Големиот остров. Спасените не се повредени и биле префрлени во засолништето во близина.

Спасени биле и двајца кампери од долината Ваипио, каде биле заробени во текот на ноќта.

Службените изјавиле дека се подготвени да им пружат неопходна помош на луѓето на островите.

Стив Голдштајн од Националната управа за океани и атмосфера изјавил претходно на конференција за новинари дека ударите на ветер достигнуваат 260 километри на час.

Црвениот крст отворил 16 засолништа за итни случаи, а во нив веќе се сместени 283 лица од околните острови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг