Договорот на 23-годишниот Французин со ПСЖ истекува по крајот на оваа сезона, а тој во меѓувреме одбива да потпише договор со клубот од „Паркот на принцовите“.
Адриен Рабио во изминатиот период се поврзуваше со доста клубови, а француски “Le10Sport” пренесува дека директорите на Милан, Леонардо и Паоло Малдини веќе на големо работат да го доведат Французинот на „Сан Сиро“.
Наводно тие се обидуваат да го убедат Рабио да пристигне во Милано по крајот на оваа сезона како слободен играч кога ќе му истече договорот со ПСЖ, со цел Милан да не плати обесштетување на ПСЖ за неговите услуги.
Покрај Милан, за услугите на Адриен Рабио се заинтересирани и Јувентус, Рома, Реал Мадрид и Барселона.