Nokia 6.1 Plus и Nokia 5.1 Plus пристигнуваат врвни перформанси и вештачка интелигенција

Точка

23/08/2018

18:23

2.623

Големина на фонт

а а а

Двата нови паметни телефони на Нокиа пристигнуваат со врвни перформанси и вештачка интелигенција за видео снимките.

HMD Global ги претстави новите Nokia 6.1 Plus и Nokia 5.1 Plus, паметни телефони кои што пристигнуваат со екран преку целиот преден дел од уредот, високи перформанси и вештачка интелигенција за снимките – сето тоа со импресивна цена.

6.1 Plus

Станува збор за телефон со екран од 5,8 инчи и Full HD+ резолуција, 19:9 размер на екранот со 96% распон на бои преку целиот преден дел од уред. Дури 93% од површината на телефонот е изработена од стакло на двете страни, а зад надворешната елеганција се наоѓа Qualcomm Snapdragon 636 процесорот кој што е за 40% побрз во однос на својот претходник.

Двојниот сензор од 16 мегапиксели, односно 5 мегапиксели на задната камера гарантира одлична острина и детали на сликата. Благодарение на напредниот софтвер ќе можете да направите професионални фотографии, а телефонот може да се пофали и со HDR-от со неверојатна длабочина на боја, вештачката интелигенција за снимките и филтрите за забава.

5.1 Plus

Овој модел пристигнува со напредниот MediaTek Helio P60 осмојадрен процесор, а пред се е дизајниран за да овозможи одлично искуство на играње видео игри, гледање мултимедијална содржина и мултитаскинг.

На предната страна доминира прекрасниот 5,8 инчен HD+ екран, додека на задната страна се истакнува двојниоот сензор од 13 мегапиксели, односно 5 мегапиксели со електронска стабилизација која што овозможува снимање на остри видео записи.

Двата уреди пристигнуваат во три бои – сјајно црна, сјајно бела и темно сина боја. 6.1 моделот ќе се продава по цена од 249 евра, додека пак 5.1 моделот ќе се продава по цена од 199 евра. Сепак, засега не е познато дали овие телефони ќе пристигнат и во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг