Се собраа капитените на сите членови во Ла Лига и најавија бојкот на првенството

Дерби

23/08/2018

10:57

2.011

Големина на фонт

а а а

Капитените на сите екипи кои годинава ќе учествуваат во Ла Лига одржаа заеднички состанок со Синдикатот на фудбалерите по кој е донесена одлука да се стапи во бојкот доколку не се почитуваат нивните барања.

Имено, фудбалерите се против одлуката која ја донесоа од шпанската Ла Лига, некои натпревари да се одиграат на територијата на САД и Канада. Токму поради тоа, фудбалерите на состанокот донеле одлука да бојкотираат ако таквото нешто стапи на сила.

Неодамна од шпанската Ла Лига потпишаа договор со кој се обврзаа во следните 15 години да помагаат за подигнувањето на фудбалот во Северна Америка. Сепак, по најновите случувања тешко дека тој договор ќе се испочитува во целост.

-Луѓето мора да сфатат што се случи. Ла Лига донесе одлука без да се консултира со никој релевантен поради тоа. И тоа каква одлука? Баш ние во следните 15 години да помагаме за популарноста на фудбалот во Америка. Па, самиот начин на носењето на таа одлука покажува недостаток на почит- изјави меѓу другото претседателот на Синдикатот на шпански фудбалери, Давид Аганцо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг