Џастин Клајверт неодамна ја засили екипата на Рома и веднаш блесна на првиот натпревар за римскиот клуб.
Клајверт асистираше до Џеко за голот вреден победа и три бода на тешкото гостување на Римјаните кај Торино во првото коло од италијанска Серија А и беше еден од најдобрите играчи во екипата на Еузебио Ди Франческо.
„Многу сум задоволен од тоа како му оди во Рома. Тој не зборува многу, туку само се труди и е мотивиран да покаже колку може. Би сакал да останеше во Ајакс, но тој на крајот ја избра Рома и мислам дека не погреши. Манчестер Јунајтед? Скокот во Премиер лигата би бил тешк сега, а посебно Јунајтед е крупен залак за него. Рома е голем клуб, но притисокот е многу помал и тука сега му е сигурно подобро“, изјави Патрик Клајверт.