Меган Маркл и принцот Хари нема да имаат старателство над своите деца, еве и зошто

Кармин

22/08/2018

12:49

4.507

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари нема да имаат старателство над сопствените деца, токму како што немаат ниту војводата и војвотката од Кембриџ. Имено, старателството над малечките Џорџ, Шарлот и Луи законски го има 92-годишната кралица Елизабета Втора.

Иако тоа дури ни најверните обожаватели на британското кралско семејство веројатно не го знаат, според кралските историчари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон немаат законско старателство над сопствените деца. 

"Суверената кралица има легално старателство над малолетните внуци", вели експертката за кралските правила и кодекси, Марлин Коениг.

"Така е уште од времето на кралот Џорџ (кој владеел во раните 1700-ти години), а законот никогаш досега не е сменет. Тој го вовел тоа бидејќи имал исклучително лоши односи со својот син, идниот крал Џорџ Втори, па таквиот закон значел дека кралот е старател на своите внуци", додала таа.

Законот кој е воведен во 1717 година го изгласале 10 од 12-те судии, кои одлучиле дека "кралските права за надзор се продолжуваат и на неговите внуци и правнуци, а тоа право му припаѓа на кралот дури и во текот на животот на таткото".


Коениг, која напишала две книги за историјата на британското кралско семејство, како и бројни написи, вели дека законот повторно бил усвоен уште еднаш во 1772 година, кога на власт бил кралот Џорџ Трети, а оттогаш никогаш не е менуван.

"Кога принцовите Вилијам и Хари беа мали, принцот Чарлс ја прашуваше кралицата дали децата можат да летаат со авион за Шкотска, на што кралицата даде дозвола", вели Коениг. "Технички, таа требаше да даде дозвола за патување. Кралицата го има последниот збор кога се во прашање таквите родителски одлуки", додава таа.

Во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора, старателството над Џорџ, Шарлот и Луи, или било кои други внуци во палатата, ќе биде пренесено на нивниот дедо, принцот Чарлс кој тогаш би станал крал. Ситуацијата ќе биде иста и со идните деца на војводата и војвотката од Сасекс.

За среќа, Коениг вели палатата "не прави голема врева" околу овој закон и се сомнева дека Чарлс, кого го опишува како доста респектабилен во однос на родителството од неговите синови, би засенил некакви важни одлуки поврзани со неговите внуци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk