Нов мост во Џенова за осум месеци

Макфакс

21/08/2018

21:21

2.577

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Автопатишта Италија“ соопшти дека за околу осум месеци може да изгради нов, челичен мост на местото на стариот мост кој се урна минатата недела во Џенова при што загинаа 43 лица.

Челниците на оваа приватна компанија што го одржувала надвозникот „Моранди“ рекле дека новиот мост ќе биде изграден од челик во согласност со новите технологии.

Обновата на мостот ќе биде финансирана од најавените 500 милиони евра, кои ќе се искористат и за финансирање на пристапните сообраќајници, за помош на семејствата на жртвите и за помош на принудно раселените луѓе кои живееле покрај мостот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг