Пронајдена бурма на плажа во Охрид, се огласил сопственикот кој ја изгубил пред пет години

Точка

21/08/2018

15:36

7.890

Големина на фонт

а а а

На плажата Акапулко во Охрид бил пронајден венчален прстен од страна на семејството Ставрески кој бил изгубен пред пет години.

Бурмата на која пишувало "Моника+Дејан 28.07.1998" ја пронашла девојчето Георгина додека си играла во водата, а сопственикот бил пронајден по објавата на Фејсбук. 

Дејан Костоски за скопските медиуми изјавил дека веќе со години живее во Швајцарија и дека го изгубил својот венчален прстен пред пет години.

"Бурмата ми беше малку голема и ми се чини дека сум ја изгубил во текот на пливањето", изјавил тој.

Костоски веќе 20 години е во брак со Моника, имаат две деца и живеат во Швајцарија.

Бурмата се смета за најстаро обележје на бракот, а според христијанската традиција, тој се носи на домалиот прст на десната рака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг