Моментот на ужасот кој однесе голем број на животи: Се појави ново видео на кое што се гледа рушењето на мостот во Џенова

Точка

21/08/2018

10:37

5.710

Големина на фонт

а а а

Рушењето на мостот во Џенова го потресе целиот свет. Во страшната трагедија загинаа дури 43 лица, а се стравува дека бројот на загинатите би можел да порасне.

Откако се сруши мостот во италијанскиот северен град, настрадаа и цели семејства, голем број на загинати има во рушевините со оглед на тоа што под мостот имаше стамбени објекти, а исто така загинаа и голем број на возачи чии што автомобили се најдоа на мостот во моментот на рушењето.

Сега се појави ново видео на кое што од нов агол се гледа моментот кога се сруши мостот во Џенова.

Од снимката направена од надзорните камери се гледа како минуваат автомобилите, а по само неколку секунди подоцна целиот мост се срушува и просторот се исполнува со густа прашина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг