Со дела од македонски композитори заокружена музичката програма на „Охридско лето“

Макфакс

20/08/2018

14:35

992

Големина на фонт

а а а

Врвните членови на македонската културна сцена и членови на Сојузот на музички уметници на Македонија синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ одржаа целовечерен концерт на домашна музика.


Во црквата „Света Софија“ настапија баритонот Горан Начевски, пијанистите Јасна Аврамовска и Тодор Светиев, како и обоистот Васил Атанасов заедно со Скопскиот дувачки квинтет во кој покрај Атанасов членуваат и флејтистката Марија Јаќимовска, кларинетистот Ристо Ѓоревски, Даниел Апостолов на фагот и Александар Гошев на хорна.

Познатиот обоист Васил Атанасов, како што соопштуваат организаторите во своето соопштение, посочил дека заедно со колегите вложиле голем труд за синоќешниот настап. Според него, додаваат во соопштението, постојат многу македонски дела со кои македонските исполнители се претставуваат себеси и државата низ целиот свет.

Меѓу уметниците кои синоќа настапија беше и ќерката на познатиот композитор Ристо Аврамовски, пијанистката Јасна Аврамовска, а во публиката беше и неговата сопруга, Емилија, која се присети на деновите кога со композиторот го славеле неговиот роденден заедно со „Охридско лето“ токму на 20 август кога се спушта и фестивалската завеса, велат организаторите во соопштението.

Концертот, велат организаторите, се одржа по повод јубилејот од раѓањето на македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав Ортаков и Стојан Стојков.




Спонзорирани линкови

Маркетинг