Меси го постигна 6000. гол за Барселона за победнички старт во Примера

Дерби

19/08/2018

11:18

789

Големина на фонт

а а а

Екипата на Барселона со убедлива победа над Алавес од 3-0 ја започна одбраната на титулата во шпанската Примера.

Клубот од Каталонија долго време се обидуваше да го скрши отпорот на противникот и тоа се до 64 минута кога капитенот Лионел Меси со мајсторски погодок од слободен удар го отвори резултатот. Од тој момент се беше полесно да фаворитот и беше само прашање на време кога ќе го докусури Алавес.

По неколкуте шанси на Меси, Суарез и Кутињо конечно погоди поранешниот фудбалер на Ливерпул во 83 минута со што стави точка на сите дилеми околу победникот. На крајот Меси во 92 минута даде уште еден погодок за да на перфектнен начин ја започне натпреварувачката 2018-2019.



Спонзорирани линкови

Маркетинг