Шекеринска: Армијата беше тивок дипломат кој ја обезбеди нашата покана за членство во НАТО

Макфакс

18/08/2018

17:00

1.778

Големина на фонт

а а а

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска на Отворениот ден за граѓаните, по повод Денот на АРМ и оддаде признание на Армијата нарекувајќи ја „најголем тивок дипломат“ кој во позадина ја обезбеди поканата за Македонија за членство во НАТО.

„И затоа денеска сме тука, прво да им оддадеме почит и признание на сите жени и мажи припадници на Армијата од војници, подофицери, офицери до највисоките старешини, генерали и началници, за се она што го направиле за Македонија. Тука сме и заради тоа што Армијата постои за граѓаните, така што од сите одбележувања на Денот на Армијата, овој е можеби најважниот, да ја покаже врската помеѓу Армијата и нејзините граѓани. И таа врска денеска можевте да видите колку е блиска и позитивна. Многу ни е драго што навистина голем број на граѓани го прифатија нашиот повик и денеска се со нас, да ја видат опремата, да ги видат луѓето, да ги видат вештините кои ги имаат и да бидат сигурни во својата татковина“, изјави Шекеринска и го честиташе 18 август, Денот на Армијата.

Отврениот ден за граѓаните по повод Денот на АРМ се одржа на Воениот стадион во градскиот парк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг