Италија во жалост, глетки кои го кршат срцето: Под урнатините на мостот во Џенова пронашле уште 3 тела

Точка

18/08/2018

16:09

7.163

Големина на фонт

а а а

Уште 3 лица биле пронајдени под урнатините на мостот Моранди во Џенова, со што бројот на загинати пораснал на 42.

Тие податоци уште не се официјални, само пожарникарите потврдиле дека пронашле тела на 9-годишно девојче и нејзините родители во "целосно уништен автомобил". 

Пожарникарите на Твитер го потврдиле пронаоѓањето на уништениот автомобил.

Како што се наведува, денес во Италија е ден на жалост, а јавниот погреб за дел од загинатите почнал во 11:30 часот по локално време.

Како што пренесуваат агенциите, претседателот на Италија, Серџо Матарела, пристигнал во Џенова за да присуствува на погребот.

Мостот Моранди се урнал во вторникот за време на невреме, а повеќе од 30 возила паднале на земјата од висина од 45 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг