Мис Југославија ги освојувала машките срца: Поради еротските фотографии била дискредитирана, а еве како изгледа денес

Точка

18/08/2018

15:27

9.976

Големина на фонт

а а а

Некогашната мис Југославија, Словенката со неопислива убавина на која еден сет од фотографии ѝ ги уништил соновите, освојувала многу срца но и симпатиите на поубавиот пол.

Станува збор за Бернарда Маровт, која во 1983 година ја добила титулата за најубава жена во Југославија. По тоа, сите врати ѝ биле отворени. Таа работела на бројни кампањи, а потоа отпатувала во Лондон за изборот на Мис на светот. 

Меѓутоа, таа била дискредитиранa поради провокативните фотографии кои се појавиле во британскиот "Daily Mirror" неколку дена пред натпреварувањето. Сите кои ја виделе велеле дека таа е убедливо најубава, најелегантна и најдобро облечена девојка за таа година, но сепак не ја понела круната.


Се зборувало дека излегувањето на фотографиите на Маровт во јавност било дело на Џулија Морли, која била шеф на организацијата на изборот и на која не ѝ одговарало Југословенката да победи.

Иако не ја понела титулата за најубава жена на светот, Бернарда добила ласкаво признание - Мис фотогеничност. По тоа, таа продолжила со работата во Загреб и Љубљана.

Во 1990 година била прогласена за топ модел во Италија, во 1992 година за топ модел во Европа, а во 2000 година Маровт ја освоила титулата за најубава Словенка на 20-тиот век. На врвот од кариерата, таа заработувала до 3 илјади евра по реклама, а многумина ја споредувале со Мадона.

Бернарда продолжила да се занимава со моделинг, но "надвор од пистите и објективите". Таа денес поседува сопствена модна агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг