Шефицата на австриската дипломатија, Корин Кнајсл, денес треба да се мажи, а најистакнат гостин на нејзината венчавка во местото Гамлиц ќе биде рускиот претседател Владимир Путин.
Кнасјл официјално го поканила Путин на венчавката на почетокот на јуни, а потврден одговор добила во јули.
Австриското министерство за надворешни работи соопштило дека секој има право на таков настан да покани кого сака во приватно својство.
Министерството, исто така, нагласило дека присуството на Путин на свадбата не политичка страна.
Министерката одбрала многу популарен датум за свадбата - 18.08.2018, кога се закажани голем број на свадби ширум Австрија.
Во Австрија поради доаѓањето на Путин на улиците се присутни голем број на припадници на полицијата и војската.