Актерките многу често се модели, дел поради физичкиот изглед и облеката, а дел поради завидливите финансии.
Овие 10 актерки, оствариле заеднички профит од 186 милиони долари, од јуни 2017-та, до јуни 2018-та година, без данокот.
Еве ја листата на 10-те фантастични актерки:
"Wonder Woman" се враќа на планетата во продолжение кое е планирано за 2019-та година. Благодарение и на неодамнешните реклами за "Revlon", во кои редовно се појавува, Гел Гадот оваа година помина повеќе од добро.
Филмот "Life Of The Party" не ја доживеа очекуваната слава и воодушевување, но Мелиса заработува и од филмовите кои допрва треба да се емитуваат - "The Happy Time" и драмата "Can You Ever Forgive Me?".
Филмовите кои го докажаа талентот на Кејт Бланшет и кои ѝ ги наполнија џебовите се: "The House With A Clock In It's Walls" и "Thor: Ragnarok".
Филмот "Wonder" е вистински хит! Заработил 310 милиони долари, а буџетот за филмот бил само 20.000 милиони. Ова е нејзиниот "џек-пот" и најголема заработка во последните повеќе од 10 години. Исто така, тука се вбројува и заработката од некои странски филмови, како и од рекламите за "Lancome".
Никогаш не би погодиле чив глас позајмува Мила Кунис! На мајката Мег, во серијата "Family Guy"! Нејзината заработка допринела и продолжение на филмот "Bad Moms Christmas", кој заработил 130 милиони долари, а буџетот за филмот изнесувал 28 милиони долари.
Кратката серија "Big Little Lies", особено втората сезона, на Рис и донела многу пари.
Двата неодамнешни филма "Mother" и "Red Sparrow" не ја постигнале очекуваната гледаност, но тоа не ѝ наштетило на нејизната заработка. Од друга страна, Џенифер "растура" поради договорот со модната куќа "Dior".
Во последно време, поранешната ѕвезда од култната серија "Friends", доста заработува од рекламите за "Emirates Airlanes", "Smartwater" и "Aveeno".
Иако Џоли доста време троши за хуманитарните активности, никако не заостанува од останатите активни актерки. Нејзиниот најголем приход, засега е од вториот дел на филмот "Maleficent".
Клучната улога за Џохансон е "Црната вдовица" во Марвеловиот филм "Avengers". Ќе се врати на екраните за 4-от дел од филмот за суперхероите, во 2019-та година.